Маск ќе биде директор на Твитер додека компанијата не ја зацврсти позицијата

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Американскиот милијардер Елон Маск соопшти дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на „Твитер“ и дека се надева дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели.

Тој во објава на социјалната мрежа Твитер напиша дека планира да се задржи на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време, пренесе „Ројтерс“.

Маск напиша дека планира да остане на водечката позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот.

Слични содржини