Илон Маск за прв пат им се обратил на вработените во Твитер и истакнал дека компанијата ќе мора да го намали бројот на вработени, нудејќи неколку нови детали од својот план за преземање на социјалната мрежа вреден 44 милијарди долари.
Извршниот директор на Тесла, кој е и извршен директор на ракетната компанија СпејсИкс, им кажа на вработените во Твитер дека сака да го зголеми бројот на корисници на услуги од 229 милиони на најмалку милијарда луѓе.
Тој додал дека огласувањето ќе остане важно за компанијата и покрај тоа што претходно изјави дека смета оти Твитер не треба да прикажува реклами, пренесува Радио Слободна Европа.
-Мислам дека огласувањето е многу важно за Твитер. Не сум против тоа. Веројатно би разговарал со огласувачите и би рекол, еј, само да се погрижиме рекламите да бидат што е можно позабавни, рекол Маск.
За време на состанокот, Маск не понудил вести за финализирање на договорот за преземање, но повторил дека се уште се обидува да дознае повеќе за ботови и спам сметки на интернет, што го нарече негова најголема грижа.
Запрашан дали се очекуваат отпуштања, Маск соопштил дека е неопходно „извесна рационализација на бројот на вработени и трошоците“.
„Трошоците во моментов ги надминуваат приходите“, појаснил тој и додал дека „секој што има значаен придонес не треба да има за што да се грижи“.
Претстојното преземање на Твитер наиде на широко распространет скептицизам и загриженост кај вработените во Сан Франциско, од кои некои се загрижени дека Маск ќе ги олесни правилата за одредени содржини.
Милијардерот им рекол на персоналот на компанијата дека верува дека на корисниците треба да им се дозволи да кажат „прилично нечуени работи“ на страницата се додека содржината не е нелегална.