Бананите освен што се вкусни и хранливи, содржат и состојки кои ја подмладуваат кожата, но и ги намалуваат знаците на пигментација. Со редовна употреба ќе имате мазна кожа и воедначен тен.

Unsplash
Користете ја маската од банана 2-3 пати неделно, за најбрзо да ги видите резултатите. Поради витамините А и Е, ќе забележите дека вашата кожа е похидратирана од вообичаено. Оваа природна маска за лице може да ја користите колку долго сакате, бидејќи во нејзе нема ниту една хемикалија која може да ѝ наштети на кожата.
Потребни ви се:
Една банана
Една лажичка вода од роза
Подготовка:
Бананата добро испасирајте ја и додадете ја водата од рози. Измешајте, па нанесете ја маската на лицето и на вратот. Оставете да делува најмалку 15, но најмногу 20 минути, па измијте со ладна вода.