Маскенбал во Лајка: Одбележан 1-ви април

од Nikola Popovski
416 прегледи

„Меѓународниот празник на шегата и смеата беше одбележан во ЈП Лајка“, објавија денес од претпријатието.

Меѓународниот празник на шегата и смеата денес беше одбележан во стационарот за бездомни кучиња ЈП Лајка.

„Африка, Цунами, Кате, Мoни и Бони позираа во најразлични костими. Кучињата несомнено уживаа во оваа првоаприлска приказна исполнета со забава и смеа“, велат од Лајка.

Потсетуваат дека овие прекрасни крзнени пријателчиња се уште го бараат својот дом. За апликација за вдомување пишете на [email protected].

Слични содржини