Маскирани лица го претепале новинарот Божиновски (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

од Nikola Popovski
303 прегледи

Доцна синоќа пред својот дом бил претепан новинарот Зоран Божиновски, уредник на порталот „Буревесник“.

Според првичните информации, кои на својот ФБ профил ги објави Љупчо Палевски, Божиновски бил претепан пред својата зграда од маскирани лица со качулки.

Настанот бил пријавен во полиција. Се очекува МВР  да излезе со официјални информации.
Засега не се познати мотивите за овој немил настан.

Ова не е прв регистриран физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој беше и на обвинителна клупа за случајот „Шпион“.