Маскирани лица нападнале младо момче во Куманово (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
181 прегледи

Алијанса на Албанците (АА) информира за напад на младо момче во Куманово од страна на поголема група маскирани лица и апелира за наоѓање на сторителите.

„Вознемирувачки е фактот, уште повознемирувачки се сцените кога маскирани хулигани доцна во ноќта напаѓаат млад Албанец во најстариот кварт на градот Куманово. Овие сцени се слични на оние пред неколку години од поранешниот режим, каде што настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе“, велат од АА.

Партијата повикува на смиреност и максимална претпазливост и истовремено ги повикува граѓаните на Куманово „да не наседнат на провокации“.

На видеото може да се забележи како среде ноќ група на лица трчаат и потоа се враќаат со трчање и влегуваат во автомобили.

Засега нема повеќе детали за инцидентот и се очекува реакција и соопштение од МВР.

И премиерот Димитар Ковачевски беше запрашан за овој немил настан, но истакна дека не е запознаен со случајот и дека не ја видел снимката.

-Доколку е нарушување на законот, се мора да биде најстрого санкционирано согласно Законите од МВР, рече Ковачевски.

Слични содржини