Mасовен протест против аерозагадувањето во Тетово

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Чист воздух за Тетово – скандираа неколкуте илјади граѓани кои денеска го искажаа револтот против аерозагадувањето. Откако го блокираа влезот од Скопје кон Тетово, групата се упати кон градскиот плоштад. Ученици, активисти и граѓани во голем број се собраа за да реагираат поради катастрофалната еколошка состојба. Велат крајно време е да се преземат мерки.

 26204golema

Организатор на протестот е граѓанското движење „Мајка и дете“ . Тие велат дека загадувањето не е само проблем на Тетово. Побараа солидарност и поддршка и од другите градови.skola

Вицепремиерот за еконoмски прашања Владимир Пешевски рече дека сочувствува со граѓаните на Тетово.
tet

Од вчера донесена беше одлука и за прекин на наставата во сите училишта во Тетово, се до крајот на првото полугодие. Во Тетово секојдневно се регистрира рекордно присуство на штетните ПМ 10 честички во воздухот, до над 20 пати повеќе од дозволеното