Масовен протест во Лондон за поддршка на Палестина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Илјадници демонстранти се собраа во саботата во центарот на Лондон на пропалестински протест, изразувајќи солидарност со народот на Палестина и барајќи итен прекин на израелските напади врз Газа.

Пропалестинските демонстранти ги преплавија улиците на главниот град на Велика Британија, а многумина држеле транспаренти на кои пишувало „Слободна Палестина“, пишуваат тамошните медиуми.

Протестот, организиран за да се подигне свеста за тековниот палестинско-израелски конфликт во регионот, привлекол голем број луѓе од различни потекла и општествени класи.

Хусам Зомлот, палестинскиот амбасадор во Велика Британија, на платформата Х сподели видео на кое се гледаат голем број луѓе на улиците на Лондон.

Повеќе од 1.000 полицајци биле распоредени, грижејќи за безбедноста за време на демонстрациите.

Британската министерка за внатрешни работи, Суела Браверман во вторникот издаде предупредување до полициските началници поради истакнувањето на палестинските знамиња на улиците на Велика Британија, јавуваат агенциите.

Таа сугерирала дека веењето на знамето „можеби не е легитимно“ доколку се смета дека покажува поддршка за тероризмот.

Браверман рекла дека иако постојат валидни причини да се изрази солидарност со Палестинците, одредени дејствија ги надминуваат границите утврдени со Законот за тероризам и Законот за јавен ред.

Таа навела примери на протестни акции за кои верува дека потенцијално би можеле да го нарушат јавниот ред, вклучително и таргетирање на еврејски населби, мавтање со пропалестински или про-Хамас симболи и извикување слогани што може да се протолкуваат како антиеврејски.

Слични содржини