Во недела во земјава пристигнуваат 24 илјади вакцини од „АстраЗенека“ .Тие ќе се искористат за исто толку граѓани, во надеж дека за три месеци ќе пристигне и втората нивна доза.
Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител Во однос на безбедноста на вакцината тој рече дека нема никаква поврзаност, односно официјална контраиндикација од вакцината на АстраЗенека, и дека е безбедна за сите возрасни групи.
– Вакцината е сосема безбедна да се користи и за повозрасни граѓани. Ги уверувам граѓаните дека буквално сите вакцини се безбедни, нема контраиндикација за вакцината на ниту еден производител, за ниту една категорија граѓани, рече тој.
Тој додаде дека имунизацијата ќе започне во среда и дека се спремаат пунктовите и Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.