Масовна тепачка пред Прилепската болница, полицајци морале да пукаат

Во Полициската станица Прилеп се приведени 13 лица

од Nikola Popovski
45 прегледи Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за денешниот инцидент во непосредна близина на прилепската болница „Борка Талески“.

„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол“, велат од полицијата во Прилеп.

Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.