Масовна тепачка во Швајцарија – тројца македонски државјани завршија во болница

Билансот на повредени покажува дека во тепачката учествувале граѓани од неколку земји, но македонските државјани биле тие што морале да бидат хоспитализирани

од Nikola Popovski
62 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Насилен инцидент се случил пред два дена во Швајцарија, во кантонот Тургау. Вкупно седум лица биле повредени во масовна физичка пресметка меѓу две групи, меѓу кои тројца државјани на Македонија се најтешко повредени.

Според официјалните информации од кантонската полиција на Тургау, инцидентот се случил околу 04:00 часот наутро во угостителски објект. Вербалниот судир меѓу двете групи брзо ескалирал во физичко насилство, за што била потребна итна интервенција на неколку полициски патроли за смирување на ситуацијата.

Како што пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава, билансот на повредени покажува дека во тепачката учествувале граѓани од неколку земји, но македонски државјани биле тие што морале да бидат хоспитализирани.

Тројца македонски државјани – двајца на возраст од 41 година и еден на возраст од 43 години – се здобиле со полесни до умерени повреди. Тие биле пренесени со амбулантно возило во најблиската болница.

Покрај хоспитализираните, на местото на настанот им е укажана помош и на уште четири лица кои се здобиле со полесни повреди: 54-годишен косовски државјанин; 35-годишен албански државјанин; и двајца швајцарски државјани, на возраст од 40 и 27 години.

Две други лица, исто така, учествувале во инцидентот и, за среќа, не биле повредени – 52-годишен Швајцарец и 48-годишен маж по потекло од Македонија.