Mасовниот убиец од Лас Вегас пресметувал како да убие што повеќе луѓе

од desk2
109 прегледи

Полицијата успеала да дешифрира рачно напишана порака скриена во собата од која пукаше Стивен Педок, човекот кој пред една недела во Лас Вегас со автоматско оружје уби 58 луѓе, а рани повеќе од 500.

Во апартманот на Педок на 34-от кат на хотелот Менделеј беј, од кој пукаше врз посетителите на кантри фестивалот кој се одржуваше на главниот булевар во Вегас, било пронајдено ливче на кое Педок рачно испишал низа бројки, јавува Си-ен-ен.

Извор близок до истрагата за американската новинска мрежа потврдил дека ливчето содржи пресметки поврзани со одалеченоста и траекторијата на куршумите од прозорецот на Педок до местото каде на музичкиот фестивал се наоѓале 20 илјади луѓе.

Во хотелскиот апартман на убиецот, покрај ливчето кое некое време ги мачело истражителите, беа пронајдени и 23 парчиња оружје и големо количество муниција. Педок се самоуби пред полицијата да успее да влезе во апартманот на хотелот во Лас Вегас.

Мотивот на Стивен Педок за најголемото масовно убиство со огнено оружје во современата американска историја останува нејасен.