Масовните убијци не се ментално болни, но едно им е заедничко

од desk2
96 прегледи

Во случајот на последниот напад во Тексас, САД кога Девин Патрик Кели уби 26 луѓе, претседателот Доналд Трамп рече „Мислам дека ментална болест и во овој случај е причина за нападот“.

Масовните убиства се сметаат за убиства кои подразбираат четири или повеќе жртви. Такви убиства се случуваат речиси секојдневно во САД, но малку од тие стигнуваат на насловна страница. Половина од убијците гинат при тој чин.

Да, менталните заболувања се значителен поттик за масовно убиство, според зборовите на д-р Мајкл Стоун, психијатриски форензичар од Универзитетот Колумбија, во базата од 350 масовни убијци само еден од пет патат од психоза.

Она што е интересно е дека останатите немаат никакви сериозни психички нарушувања. Иако беше насилен Омар Матен кој уби 49 луѓе во ноќен клуб во Орландо, немаше сериозни ментални заболувања. Ниту пак Стивен Падок, кој ладнокрвно уби 58 луѓе од својата хотелска соба во Лас Вегас. Исто и Дилан Раф, расист кој уби деветмина Афроамериканци во Јужна Каролина во 2015 година, како и Кристофер Харпер – Мерсер кој истата година лиши од живот девет луѓе на колеџот во Орегон.

Ништо во овие случаи на масовни убијци не можело да се предвиди дека ќе направат нешто такво. Она што им е заедничко е дека припаѓаат на група незадоволни и „оштетени“, чиј бес и намери се потиснувани и по некое воочено понижување се претвориле во насилство.

„Сите масовни убијци фантазирале за тоа, а што повеќе фантазирале тоа им правело поголемо задоволство. Тогаш се подготвени и да направат нешто такво, но дури кога околностите се наместиле биле во состојба да го исфрлат целиот свој бес“, вели Кевин Камерон, директор на Трауматолошкиот центар во Канада.

Според стручњаците, масовните убијци поминуваат низ еволуција рационално и логично. Незамисливото станува замисливо, а потоа и неповратно.

Она што загрижува е што 65 отсто од масовните убијци немале никакви претходни ментални нарушувања, 22 отсто пателе од психоза, халуцинации кои се карактеристики на шизофренија или депресија. На пример, Адам Ланц кој во 2012 година уби 26 луѓе во училиштето Сенди Хок, патеше од екстремна параноја, а само неколку месеци пред тоа бил затворен во својата соба.

„Повеќето масовни убијци се примерни работници, добри партнери кои емотивно реагирале на неправда, а не биле ментално болни“, вели д-р Стоун.

Во анализата спроведена 2016 година која опфаќала 71 самостоен терорист или 115 масовни убијци, откриено е дека само 20 отсто од нив имале ментални заболувања. Интересно е дека 48 отсто од нив имале проблеми со анксиозност и хиперактивно однесување, но и проблеми со учењето и депресија.

Две третини од нив пателе од хроничен стрес, како и проблеми во образованието, страв од губење на работата, посттрауматски стрес. Речиси половина од нив конзумирале алкохол, марихуана или некоја друга дрога.

Конечно, Џеј Рајд Мелој, психологот кој работи за ФБИ идентификуваше што им е заедничко на сите и претставува голема опасност, а тоа е параноидниот спектар. Имено, на сите им е заедничко што за навредите и пропустите во својот живот кои ги сметаат за неправда обвинуваат цела група луѓе, а не само еден човек.

„Луѓето кои имаат параноидна линија, имаат чувство дека други ги прогонуваат со години, па чувствуваат потреба да ги спречат другите да ги малтретираат и да го запрат тој прогон“, вели д-р Мелој. „Тоа можеби никогаш нема да се случи. Повеќето никогаш нема да направат нешто по тоа прашање. Но, која ќе го направат, обично постои тој клучен момент. Тоа е губење на љубовта или работата па тогаш нешто почнува да отчукува во нив и почнуваат да ги спроведуваат своите акумулирани размисли во дело.“

Стручњаците се сложуваат дека лечењето може да спречи само еден од пет масовни убијци. Превенцијата е можеби можна во само неколку други случаи, на приемер, ако потенцијалниот убиец се заканува и ако некој тоа го пријави. Но, и нешто друго има врска со тежината на злосторството.

„Во мојата база на податоци ако гледате деценија по деценија сфаќате дека бројот на убиени е далеку помал во шеесеттите години. Од тогаш бројката само расте, а тоа може да се поврзе со производството на Калашњиковот и модерниот арсенал оружја кое стана лесно достапно“, заклучува д-р Стоун.