388
Наместо прослава и спектакл со кои црвено-белите ќе го одбележат освојувањето на титулата, по завршувањето на таканаречениот „Бал на вода“ крај реката Сава, имало, во најмала рака, непријатни сцени кога приврзаниците на тимот од Автокоманда влегувале во кафулињата во салата Бетон и започнале да кршат инвентар. Поради тоа, полицијата уапсила 109 хулигани.
По наредба на обвинителството, полицијата одреди притвор за 10 лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување за време на немирите.
Останатите приведени биле однесени кај судија за прекршоци поради кршење на Законот за јавен ред и мир. Со оглед на тоа што истрагата сè уште трае, сè уште не е познато дали некои лица ќе бидат гонети по кривична постапка.