177
Турските власти во 33 провинции во земјата уапсиле 147 лица кои се осомничени за поврзаност со операциите на терористичката организација Исламска држава.
Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Операцијата Херои-49 беше спроведена во исто време ширум земја“, објави Јерликаја на платформата Х.
Минатиот месец двајца вооружени напаѓачи на Исламска држава убија турски државјанин во католичката црква Санта Марија во Истанбул.
Турската полиција ги уапси осомничените за нападот, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.