Масовно пукање во Њујорк: Повредени најмалку 10 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 10 лица се повредени во масовното пукање што се случи во саботата доцна навечер во Њујорк.

„Нивната возраст се движи од 19 до 72 години, а поради повреди опасни по живот, тие се лекуваат во локалните болници“, соопшти њујоршката полиција.

Полицијата доби бројни повици со предупредување за пукање во саботата околу 22:38 часот, пишува Си -Ен -Ен.

Побегнале на мотоцикли

„Според прелиминарниот извештај, двајцата мажи дојдоа на 37 -та авенија и почнаа да пукаат“, рече Гален Фриерсон од полициската станица.

„Напаѓачите тргнаа кон група луѓе и испукаа бројни истрели, а потоа се качија на два мотоцикли управувани од двајца други мажи и побегнаа од местото на настанот“, додаде тој.

Слични содржини