МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО САД: Најмалку 8 лица ранети во магацин на „FedEx“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
184 прегледи

Најмалку осум лица се повредени во пукањето што се случи во објект на „FedEx“ во близина на аеродромот во Индијанаполис, Индијана.

Напаѓачот е сè уште во бегство.

Пукањето се случило во 23 часот по локално време.

Како што се наведува, имало пукање во објектот, но и надвор од него.

Еден човек изјавил дека неговиот братучед бил застрелан во раката на бензинска пумпа лоцирана веднаш пред складиштетот.

Дел од блискиот автопат I-70 е затворен.

Оваа филијала на „FedEx“ во Индијанаполис вработува околу 4.500 лица, јавуваат локалните медиуми.

 

Слични содржини