Американските власти не губат време за извршување на наредбата на Доналд Трамп, кој потпиша декрет за ограничување на патничкиот проток од муслиманите во САД, пренесе АФП.
Трамп потпиша декрет кој предвидува до крајот на месецот да бидат одземени визите на луѓе од Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен. Тамошните медиуми веќе објавија за масовно задржување за часови на муслимани кои пристигнуваат на аеродромите во земјата. Весникот “Њујорк тајмс” пишува дека вработените на аеродромот во Њујорк уште во петокот веќе почнаа да запираат патници, штом новиот претседател побара затворање на границите на САД за луѓе од Истокот. Уште за време на својата предизборна кампања за Белата куќа Трамп вети дека ќе престане имиграцијата од различни муслимански земји, бидејќи според него тоа претставува терористичка закана за САД. Претходно денеска ирачко семејство доби забрана да летаат надвор од Каиро за Њујорк. Двојката со две деца имале американски визи и резервирани места за лет со “Иџипт ер”. На аеродромот во египетската престолнина тие биле информирани дека не можат да се качат на бродот поради новата регулатива. Авиокомпанијата на африканската држава објавува на својата веб страница и нови совети за патување кон САД.
“Катар ервејс”, еден од најголемите авиопревозник на Блискиот Исток, објави на својата веб-страница дека граѓаните на овие седум земји сеуште можат да патуваат во САД, ако имале дозвола за постојан престој. Ограничувањата за патување не важат за државните службеници и нивните семејства. / АФП