10
Аргентинскиот фудбалер Франк Мастантуоно официјално потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, објави денес мадридскиот клуб.
Мастантуоно пристигна во Реал од Ривер Плата, а потпиша договор со мадридскиот клуб на својот 18-ти роденден. Тој ќе го носи дресот со број 30 во Реал.
Финансиските детали не беа објавени, но шпанските медиуми објавуваат дека мадридскиот клуб издвоил околу 65 милиони евра за овој трансфер.