Мастурбацијата без сомнение е најзастапената сексуална практика која сепак секогаш предизвикува срам и непријатност. Зошто е тоа така?
Една од причините е тоа што Црквата ја осудува и забранува. Таа е ставена како грев на исто ниво со педофилијата и евтаназијата. За лошото име на мастурбацијата се грижи и медицината до 20в, обвинувајќи ја дека предизвикува глувост или дури лудило.
Мастурбирањето се поврзува и со емоционална празнина, иако човек може да има одличен сексуален живот и сепак да мастурбира од време на време да си достави различен вид задоволство.
Дали навистина е толку штетно, грдо или палаво нешто?
Излегува дека токму обратно, мастурбацијата има голем број на позитивни влијанија, не само за човекот кој ја практикува, но и за двојката. Таа ја одржува желбата.
Со неа човек го запознавателото и како функционира тоа.
Доведува до подобрување на односите со партнерот
Дава сигурност при сексуалните односи во пар и ја намалува напнатоста.
Спротивно на популарното мислење мастурбирањето не е запазена територија само за мажите. Дел жени исто како да си доставуваат задоволство сами.
Нема причина мастурбирањето да се поврзува со чувство на вина или срам. Тоа е природно за сите. Постојат дури студии кои откриле дека човечкиот ембрион исто мастурбира во стомакот на мајката меѓу 6-тиот и 9-тиот месец.