Матарела: Без земјите од Западен Балкан, ЕУ нема да биде целосна

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Со големо задоволство ја следевме информацијата во јули дека конечно ќе почнат преговорите за влез на Северна Македонија во Европската Унија. Тоа што е со задоцнување, за жал, не беше разумно, но одлуката да почнат преговорите, сепак, го наградуваат напорот што ЕУ го направи кон Северна Македонија, истакна претседателот на Италија, Серџо Матарела.

На заедничката прес-конференција со шефот на државата Стево Пендаровски, Матарела рече дека тоа е потврда на заложбата на Северна Македонија и на сите земји кои, како што рече, со одлучност ја поддржуваа Македонија, како што тоа го направи Италија.

-Сакам јавно да подвлечам дека го цениме трпението и напорот што Северна Македонија ги направи за да ги надмине сите потешкотии и на планот на подобри и попозитивни односи со соседите. Станува збор за чекори нанапред кои Италија секогаш ги следеше и ги поддржуваше и во своите односи со Софија. Унијата е наша заедничка иднина, тоа е наше убедување, што секаде го кажуваме. Без влезот на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, Унијата нема да биде целосна и има потреба од овој влез за комплетирање за навистина да биде интегриран целиот континент, рече Матарела.

Нагласи дека Италија постојано ќе биде на страната на Северна Македонија на патот што треба да го изоди, на патот на реформите за да се стигне до акито на ЕУ.

-Се надеваме дека овој процес ќе биде пократок за целосно да се постигне членството во Европската Унија, рече Матарела кој во посета на нашата држава доаѓа 23 години од последната посета на некој италијански претседател.

Слични содржини