Mate 20 Pro се враќа во листата на уреди со пристап до бета верзијата на Android Q

од Vlatko K
120 прегледи

Еден од ефектите по додавањето на Huawei во „црната листа“ на САД беше прекинувањето на
соработката меѓу кинеската компанија и Google. Поконкретно, тоа доведе до вадење на Mate 20 Pro
од листата за уреди со пристап до бета програмата на Android Q.


Сега сепак моделот повторно се појави таму и програмерите кои сакаат и ги исполнуваат условите
можат да се вклучат во програмата.

Овој пресврт најверојатно е поврзан со 90-дневното одложување на американските санкции.
Интересно е да се истакне дека и покрај привремениот недостаток на уредот од списокот, не се
пријавени проблеми во функционирањето на бета софтверот.