Имате една од 300 милиони шанси да го освоите џекпотот и иако да ги погодите сите бројки на лото звучи скоро невозможно, еден математичар оценува дека тоа е изводливо.
Рајан Гарибалди вели дека изборот на непопуларни броеви, купувањето ливчиња во државите каде што тие се продаваат најмалку и избирањето вистински издвоени броеви ги зголемуваат вашите шанси да освоите лото.
Експерт открил страшна грешка што може да ве спречи да заработите милиони – избирање датуми за играње, што повеќето луѓе го прават.
„Друг совет би бил, ако го погледнете ливчето каде што ги избирате вашите броеви, не избирајте само еден ред од броеви на тоа ливче, бидејќи некои луѓе ќе го направат тоа“, изјавил Гарибалди за „WIRED“.
Американците годишно трошат речиси 100 милијарди долари на државни лотарии, надевајќи се дека ќе го добијат износот што ќе им го промени животот, но обично си заминуваат со празни раце. Најголемиот национален Паурбол беше во 2016 година кога добивката достигна неверојатни 1,586 милијарди долари поделени помеѓу три лото тикети од Калифорнија, Флорида и од Тенеси.
И додека луѓето секоја недела купуваат лоз, Гарибалди зборува за тоа што треба, а што не треба се прави.
Тој вели дека изборот на последователни броеви може да биде добар потег бидејќи му помогнал на Ричард Ластиг да победи четирипати на локалната лотарија на Флорида за 1.038.499,92 долари.
Ластиг кој починал во 2018 година, претходно рекол дека ги реинвестирал добивките од лотото во купување нови лото ливчиња, користел рачно избрани редни броеви и постојано ги користел истите броеви, пишува „Њујорк пост“.
Истражувањето на Лендинг три покажува дека жителите на Масачусетс потрошиле најмногу по глава на жител на лото ливчиња и грепки во 2020 година.
Математичарот, исто така, дал совети за тоа како да освоите големи награди во игрите, што вклучува користење на интернет во ваша корист. Тој препорачува да се проверуваат страниците како scratchoff-odds.com, што ќе ви овозможи да видите конкретни билети во вашата држава и награди што допрва треба да ги побарате, но ако треба да освоите на лотаријата, Гарибалди предлага да изберете игра што ќе ви овозможи да погодите четирицифрен број и да се обложите на шестоцифрен број.
„Ова значи дека ќе се обложите на четирицифрен број со повторени цифри, како што се 1122 или 1212, а ако се обложувате шестоцифрено, се обложувате на сите шест можни начини на пишување број со две единици и две двојки“, рекол тој.
„Ако го направите тоа, вашите шанси за добивка се еден спрема 1.667, а во повеќето држави, ако го постигнете тоа, ако го освоите тој облог, ќе добиете 800 долари, што значи дека треба да одите во канцеларијата на лотаријата. Веројатно ќе ги изгубите пари, само да знаете“, пишува „Daily Mail“.