Математичка равенка на „Оксфорд“ ја реши мистеријата: Роналдо е најдобриот на сите времиња

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Математичарот од Универзитетот Оксфорд, Том Крафорд тврди дека ја решил најстарата дебата во фудбалот – кој е најголемиот играч на сите времиња?

Користејќи уникатен алгоритам кој ги зема предвид достигнувањата на клупската и меѓународната сцена, тој ги спореди фудбалските легенди од сите епохи во потрага по конечниот одговор.

А одговорот е: Кристијано Роналдо е најголемиот фудбалер на сите времиња!

Седум критериуми се земени во предвид:

– Признанија (домашни и европски) на клупско ниво пондерирани според коефициентот на УЕФА за релативната сила на натпреварувањето.

– Признанија на меѓународно ниво – 150 поени за Светското првенство, 100 за Европското првенство или Копа Америка, со додатоци за освојување на Златната копачка.

– Голови постигнати во клупска конкуренција.

– Голови постигнати во репрезентативна конкуренција.

– Гласови за „Златната топка“ – бројот на гласови по играч поделен со вкупниот број гласови освоени од тројцата најдобри играчи, помножени со 100 за да се добие процент.

– Индивидуални рекорди: најдобар стрелец за клуб или репрезентација, најдобар стрелец во натпреварување.

– X фактор на сезоната или натпреварувањето – математички извадок во кој головите на играчите му донеле успех на тимот.

Кога сето тоа ќе се додаде, одземе, подели и помножи, резултатот е дека Кристијано Роналдо освоил 537 поени.

Следат: Лионел Меси (503), Пеле (459), Ференц Пушкаш (305), Роналдо Назарио (281), Марко ван Бастен (237), Алфредо ди Стефано (201), Мишел Платини (177), Диего Марадона (169), Јохан Кројф (163).

Барем така вели математиката …