Матевски: Во 2021, после повеќе од 10 години набавивме механизација за РЕК Битола

од Nikola Popovski
343 прегледи

Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски во интервју за Студио 10 на Телевизија 24, зборуваше за актуелната состојба во најголемиот енергетски капацитет во државата.

„Во 2017 година, наследивме неремонтирани блокови, немавме механизација и никакви ресурси за ископ на јаглен. Во 2021 првпат по 2009 година имаме набавка на сопствена механизација, но испораката на механизација се случува сега затоа што таа механизација не може да се најде на слободен пазар. Ние правиме се за да имаме призводство, да нема отпуштања на работници и да ги подобриме условите за работа“ рече Матевски.

Според него, работата на РЕК Битола непотребно се политизира, а придобивки од работата на комбинатот има целата држава, особено граѓаните и малите потрошувачи на електрична енергија.

Слични содржини