340
Како што беше најавено и претходно, попладнево почна протестот со автомобили на вработените во Управата за матични книги пред Министерството за правда во центарот на Скопје.
Поради протестот, блокирани се улиците во централното градско подрачје од 15 до 17 часот.
Дел од нив се упатија пешки пред Министерството за правда.
Матичарите бараат нов Колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
Вработените од оваа управа протестираа од 27 април.
Фото: Локално