Вработените во Управата за матични книги организирани Независниот синдикат го остварија тоа што го ветија. Излеговме на протест во поголем број. Чекаме од Министерството на финансии да не повикаат на разговори, тоа им е обврска, за тоа се платени. Да ни кажат дали има пари или нема пари за нас. И ние сме луѓе. Се штрајкува, не се даваат изводи, рече Марјан Ристевски, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).
Ристевски потенцира дека револтот е голем.
-Доколку бидеме предизвикани, следниот чекор ќе биде масовен протест пред Влада. Се надеваме дека премиерот Ковачевски ќе смогне сили. Се добива впечаток дека министерствата не сакаат да го решат проблемот. Тие што имаат преку 30 години стаж се кариката, рече тој во обраќање пред медиумите.
-Овие луѓе работат. Оваа категодија ги има сите податоци за пописот и тие беа изложени. Низ нивни раце поминуваат сите податоци, од раѓање до промени, па сè до смрт, дека работат со класифицирани податоци, додаде Ристевски.