Матични лекари со молчење ќе протестираат пред ординациите

од Берта Китинска
273 прегледи

Денеска од 14 до 14:30, матичните лекари ќе одржат протест за како што велат, да го изразат нивното незадоволство, со излегување секој пред својата ординација!

„Протестираме против скандалозниот игнорантски однос кон нас и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари,од почетокот на пандемијата до денес!

Бараме:
1. Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.
2. Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам
3. Бараме да има член претставник од матичните лекари во комисија за заразни болести
4. Стопирање на било какви “реформи” најавени за од 01.07, невиден преседан во сред пандемија.
5. Бараме помош во вид на итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа

Партии СТОП, поддржувајте не од дома! Изјави нема да даваме, ниту ќе гостуваме по телевизии, нема потреба од драма таква, драмата е на терен и по болници, и онака има премногу работа!“, велат матичните лекари.

Слични содржини