Матичните лекари во Прилеп се одзваа на апелот на градоначалникот да помагаат во ковид одделението. Со ова верувам дека ќе се намали притисокот врз здравствените работници,сподели министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на Прилеп.
Што се однесува до нови рестриктивни мерки, вели министерот, засега нема потреба од дополнителни мерки. Во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и преием во болницата.
„Верувам дека состојбата ќе се стабилизира со постоечките мерки, апелирам граѓаните да ги почитуваат“, посочи тој.