Американскиот секретар на одбраната Џим Матис рече денеска дека блокадата на финансирањето на власта во САД негативно ќе влијае на операциите, обуката, одржувањето и разузнавачките операции, јави Reuters.

„Имаме многу разузнавачки операции ширум светот и тие чинат. Се, очигледно, ќе мора да биде сопрено“, рече Матис.
Но, министерството за одбрана наведе дека блокадата нема да влијае на војната која САД ја води во Авганистан и на операциите против милитантите во Сирија и Ирак.
Американскиот конгрес синоча до рокот не успеа да го усвои ни буџетот ниту одлуката за привремено финансирање.