Американскиот министер за одбрана Џим Матис, во петок ја посети демилитаризираната зона на границата меѓу Јужна и Северна Кореа, каде изјави дека целта на САД не е војна со Пјонгјанг, туку да го уверат севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да се откаже од своето нуклеарно оружје.

„Провокациите од Северна Кореа продолжуваат да претставуваат опасност за регионалната и глобалната сигурност покрај едногласното осудување од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации. Како што веќе рече државниот секретар Тилерсон, нашата цел не е војна, туку потполна, докажана и неповратна денуклеизација на Корејскиот полуостров“, рече Матис, пренесе Reuters.
„Ние ќе продолжиме заеднички да го чуваме мирот низ силна воља и моќ“, рече јужнокорејскиот министер за одбрана Сонг Ѕунг-мо, стоејќи покрај Матис.
Матис овие коментари ги изнесе пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Азија, што треба да се случи следната недела.
Турнејата на Трамп вклучува и посета на Јужна Кореја каде ќе се состане со претседателот Мон Јае-ин.
Мон, по разговорот со Матис рече дека „агресивното праќање“ американски стратешки имот на Корејскиот полуостров се покажало како успешно во сузбивањето на заканите на Северна Кореа.