Четворка е средната оценка што ја добија матурантите годинава од полагањето на екстерните испити.
Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска.
Наумовска рече дека преведено во оценка, резултатот од оваа матура е многу добар (4) за разлика од предминатата година кога оценката беше добар (3). Тоа покажува, рече таа, дека матурантите и покрај отежнатите услови, успеале да постигнат повисоки резултати и покажале дека тоа е возможно и со онлајн-наставта. Притоа посочи дека на оваа генерација матуранти им е излезено во пресрет и полагаа по скратени испитни програми.
Од испитот по македонски јазик и литература просечната оценка е 3.93,а полагале 10 647 матуарнти (во 2019: оценката била 3.69). Албански јазик и литераатура средна оценка е 3.59, полагале 3873 (во 2019: 3.85); турски јазик и литература постигната е средна оценка 3.57 од 253 матуранти кои полагале (во 2019: 3.73), средниот успех по англиски јазик е 2.82 од 13 033 што полагале (во 2019 успехот бил 3.07); француски јазик полагале 31 ученик и постигнале просечна оценка 4.58, а пред две години успехот бил 4.61; германски јазик полагале 135 со средна оценка 4.56 (во 2019 е постигната 4.41), руски јазик полагале 18 матуранти и е постигната перосечна оценка 4.78 за разлика од 4.07 во 2019 година.