Матурантите кои 12 дена бојкотираа денеска се враќаат на настава.
Од Сојузот на средношколци кои се организатори на бојкотот во четвртокот одлучија да го стави во мирување бојкотот и да се почека Парламентот да најде решение, откако добија поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата ќе поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание. Во измените ќе биде предложено барањето на матурнатите за скратување на државната матура и наместо по четири да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.
Министерството за образование и наука не отстапува од актуелниот концепт за државна матура и за време на бојкотот постојано укажуваше дека измени на концептот не може да се прават. Воедно оттаму информираа дека додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, постапката за органзиирање на матурата тече и дека 14.000 ученици пријавиле матура.