Матурантите нема да протестираат, но ќе продолжат со бојкотот на наставата

од Nikola Popovski
336 прегледи

Матурантите нема да протестираат, но ќе продолжат да ја бојкотираат наставата, одлучи вчера донесе Генералното собрание на Сојузот на средношколци.

„Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени. Сојузот очекува широк консензус во Собранието околу нашите барања бидејќи ова прашање ги засега сите 18 илјади матуранти“, соопштија од Сојузот.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека секое одложување на решавање на проблемите може да има големи последици за средношколците. Апелираат да се води транспарентен дијалог за сите реформи во образованието.

Од Министерството за образование се децидни дека остапки нема да се прават, државната матура ќе се состои од 4 предмети кои ќе се полагаат по скратена програма. Како аргумент го посочуваат фактот што повеќе од 14 илјади ученици пријавиле полагање на државна матура.

Матурантите наставата ја бојкотираат од почетокот на второто полугодие.

Слични содржини