На плоштадот „Македонија“ точно во 12 часот повторно се одржа Матурската парада после двегодишна пауза поради пандемијата.
Оваа година покрај околу 400 матуранти од повеќето средни училишта во земјава, учествуваa и матурантите од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.
Организатор на „Матурската парада“ оваа година е Дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.