56
НБА кошаркарскиот тим Далас Маверикс потпиша договор со Спенсер Динвиди. Неговиот договор е на една година. Тој неодамна беше дел од ротацијата на Лос Анџелес Лејкерс. За време на последната кампања, спортистот роден во Калифорнија учествуваше во вкупно 76 натпревари, пренесе Ројтерс.
31-годишниот кошаркар по втор пат во кариерата ќе игра за гигантот од Тексас. Во сезоната 2022-2023, тој имаше просек од 17 поени по натпревар.
Во кариерата тој има просек од 13,3 поени по натпревар, 5,2 асистенции. На професионален план одигра 542 натпревари, а на 315 од нив беше стартер.
Ги бранеше дресовите на Детроит Пистонс, Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс.