62
Девојка пријавила во полиција дека била допирана по телото додека чекала автобус на постојка, стои во билтенот на МВР.
На 26.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од скопско село пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар била допирана по телото од едно машко лице.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.