Маж фрлил парче торта кон култната слика „Мона Лиза“ во Лувр (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Маж преправен во постара жена во неделата фрлил парче торта кон култната слика „Мона Лиза“ во Лувр, Париз.

Љубителите на уметноста во музејот беа шокирани откако една постара жена ненадејно скокнала од инвалидска количка и се стрчала кон ремек-делото на Леонардо да Винчи со парче торта.

Така на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото е премачкано со шлаг.

Сторителот, за кој се испоставило дека е млад човек со перика, обезбедувањето брзо го фатило. Додека чуварите го воделе надвор од просторијата, тој извикал на француски: „Мислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа… Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да размислуваме за планетата“.

Неговиот идентитет и причините за делото не се соопштуваат.

Портретот на „Мона Лиза“, создаден од Леондардо да Винчи помеѓу 1503 и 1519 година, никогаш не бил во вистинска опасност бидејќи бил заштитен со дебело непробојно стакло. Стаклото било поставено по инцидентот во 1956 година, кога долниот дел од уметничкото дело бил сериозно оштетен од вандал, кој истурил киселина врз сликата.

Слични содржини