Маж го тужи Кевин Спејси поради допирање во бар

од Vlatko K
88 прегледи

Маж од Масачусетс, кој го обвини актерот Кевин Спејси дека го допирал во бар во одморалиште,
поднесе тужба против него, соопштија американските медиуми.


Тужбата е за надомест за „тежок и постојан психички дистрес и емоционални трауми“.

Обвиненијата против Спејси беа упатени прво во 2017 година од поранешната телевизиска
водителка Хедер Анру која соопшти дека актерот го напил нејзиниот тогаш 18-годишен син и го
нападнал сексуално во бар на островот Нантакет.

Кевин Спејси е обвинет исто за непристоен напад и тепачка по предметното допирање во Нантакет.
Актерот ги негира обвинувањата. Неговите адвокати го обвинија мажот дека ги избришал
текстуални пораки кои би ја докажале невиноста на нивниот клиент. Тоа е единственото дело
покренато против Кевин Спејси, откако против него беа упатени неколку обвинувања од сексуален
карактер, кои ја опустошија неговата кариера во 2017 година.

Слични содржини