Маж и жена од Македонија се истепале меѓусебе во Хрватска

Македонски државјани завршиле со полесни повреди, хрватската полиција ги привела

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Mup.gov.hr

Хрватската полиција информира дека привеле маж и жена од Македонија кои се истепале меѓусебе. Според тамошните известувања во близина на железничката станица кај местото Ражине дошло до конфликт помеѓу 35-годишен маж и 30-годишна државјанка на Македонија. Според полицијата, се започнало поради нарушени меѓучовечки односи.

По кратка расправија, ситуацијата излегла од контрола и ескалирала во физичка пресметка во која и двајцата биле повредени. За време на полициската постапка, 30-годишната жена во неколку наврати сериозно му се заканувала на 35-годишниот маж, наведуваат од тамошната полиција.

Двајцата биле уапсени и однесени во службени простории за кривична истрага. Во Општата болница во Шибеник било утврдено дека се здобиле со полесни телесни повреди.

На крајот од истрагата, против нив е поднесена кривична пријава до надлежното Државно обвинителство во Шибеник, а потоа биле предадени на надзорникот за притвор на Полициската управа Шибеник-Книн.