Маж испрати лажна бомба во фабрика за вакцини

од Берта Китинска
345 прегледи

Еден човек е уапсен откако испратил сомнителен пакет до фабрика за вакцини во велшкиот град Рексам.

Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам е приведен во Кент, објави Би-Би-Си.

Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.Полицијата во Кент додаде дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека алармот не го прекинува нивното производство на вакцината АстраЗенека.

Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно, а Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.

Слични содржини