Маж кој се бори со рак доби 1,3 милијарди долари на лотарија

од Milan1
312 прегледи

Имигрант од Лаос кој се бори со рак го освои џекпотот од 1,3 милијарди долари на американската лотарија Пауербол. Официјални лица кажаа дека 46-годишниот Ченг Сефан го купил во Портланд добитниот тикет за извлекувањето на 7 април.

Тој избра да му бидат исплатени 422 милиони долари по одбиените даноци, што рамномерно ќе ги подели со сопругата и пријател.

„Животот ми се промени. Сега можам да си го благословам семејството и да најдам добар лекар за мене“, изјави Сефан, додавајќи дека ќе продолжи да игра Пауербол.

„Можеби повторно ќе имам среќа“, рече тој.

Сефан, кој прима хемотерапија во последните осум години, кажа дека тој, неговата сопруга и еден пријател се здружиле за да купат повеќе од 20 тикети за 7 април. За тоа потрошиле 100 долари. Тие го освоија четвртиот најголем џекпот во историјата на Пауербол.

Сефан е роден во Лаос, во 1987 се преселил во Тајланд, а во САД емигрирал во 1994 и оттогаш живее во Портланд.

Слични содржини