Маж на 75-годишна возраст од Тетовско пријавен за педофилија

од desk2
16 прегледи

Тетовската полиција вчера околу 17 часот го уапсила З.Б.(75) од Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, а по претходна пријава од 11.08.2025 од страна на 42-годишна жена од тетовско дека З.Б. полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.

Од страна на полициски службеници од СВР Тетово по добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на З.Б., при што се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап топ компјутер, ресивер и други предмети.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.