267
Полициски службеници вчера кај новата крстосница кај градските гробишта во Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Р.К. (58) поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.
За настанот, како што соопшти МВР, се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ.
Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот