Маж од Охрид продавал гробови, а парите си ги ставал во џеб

од Берта Китинска
280 прегледи

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“.

Пријавениот во својство на службено лице вработено во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид, по склучување на два договори за купување на гробни места издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции, фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе, со што нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92 000 денари.

Слични содржини