Маж од Желино загина откако возило удрило во него

од Берта Китинска
238 прегледи

Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа.

-Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот, информираат од СВР Тетово.