Според судски документи до кои дошол ТМЗ, американскиот модел и учесничка во реално шоу, Кендал Џенер, била информирана дека наводно Малик Боукер, кој ја следел, планирал нејзино убиство. Поради тоа, тој бил задржан во психијатриска установа и му било забрането да им приоѓа на модели.
Тој изјавил дека планира да купи нелегално оружје и да пука во Џенер, а потоа да се самоубие, пишува во документот.
Кендал истакна дека нема никаква врска со тој човек и дека никогаш не го запознала. Таа исто така тврди дека била особено преплашена од фактот дека тој сака да ја убие.
Со чувство на силна вознемиреност и болка, Кендал истакна дека се плаши дека ќе ја најде и ќе ѝ наштети кога ќе биде пуштен од болницата, пренесува Екстра ТВ.
Мажот во моментов е на привремено задржување во психијатриската единица на локалната болница, но може да биде ослободен во секое време.
Според службеник на полициската станица во Лос Анџелес, наводниот напаѓач имал намера да ја убие Џенер затоа што, според него, таа не ја користи правилно својата јавна платформа.
Заради забрана за приближување, мажот не смее да биде поблизу на 100 метри од неа и нејзиниот дом.