Маж пронајден мртов во зграда во изградба

од Берта Китинска
229 прегледи

Во полицијата синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на улица „Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37).

Според информацијата од СВР Струмица, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Од првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство, а најверојатно причина за смртта е пад од повисок дел на зградата во изградба.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по извршената обдукција ќе се знаат причините смртта на валандовчанецот.

Слични содржини