156
Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода штипјанецот Д.М.(33), кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28.08.2022 во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28.08.2022 во периодот од 16 до 17 часот на ул. „Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на П.М.(37) од Штип, одзел повеќе предмети.
– На 08.08.2022 одзел предмет од продажен објект во Штип. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.