Жител на Обединетите Арапски Емирати поднел барање за развод, откако за прв пат ја видел жена си без шминка, пренесе Metro.
Според информација на весникот, сопружниците отишле заедно на плажа во туристички град во ОАЕ. Кога жената го измила своето лице од шминката, за да влезе во водата, нејзиниот маж, чие име не се соопштува, ја забележал изменетата нејзина надворешност.
Така тој разбрал дека 24-годишната сопруга си направила неколку пластични операции, носи обоени контактни леќи и вештачки трепки.
30-годишниот маж одлучил да се разведе. Забележувајќи дека тој се почувствувал измамен.
Во ноември месец 2014 година друг маж во Саудиска Арабија се развел со жена си, зашто не му вратила веднаш порака по телефон. Тогаш таа објаснила дека во истиот момент контактирала со пријателка.